„Се пензионирав на 53 години и сум среќен поради тоа: Еве кои се 3 грешки што ги направив во моите 20 години, коишто би сакал да не сум ги направел“
Ако сакате да се пензионирате предвреме, немате многу простор за правење финансиски грешки, бидејќи имате за цел да постигнете одредена нето вредност во скратено време. Една голема инвестиција што не се исплати или големо непотребно купување може да го попречи вашиот напредок и да ги одложи вашите планови да престанете да работите. Со внимателно планирање, Алекс Триас успеал да избегне таков неуспех до соето пензионирање на 41-годишна возраст.
„Што се однесува до трошењето пари во моите 20-ти, факт е дека не се каам бидејќи, во најголем дел, не го правев тоа многу често“, изјавил Триас.
Иако поранешниот даночен адвокат имал шестцифрена плата, тој вели дека купувал облека од трговци со попуст, користел јавен превоз и бил штедлив за трошоците во домот.
Сепак, има финансиски лекции што можел да ги научи порано. Еве три работи за коишто Триас се кае што ги направил во неговите 20ти.
1. Се обидував да бидам оригинален
И во кариерата и во неговите лични финансии, Триас научил дека не вреди секогаш да се обидуваш да се оддалечиш од нормата.
„Во моите 20-ти, губев премногу време и напор обидувајќи се да бидам исклучително оригинален наспроти тоа да бидам исклучително компетентен“, вели тој.
Тој ја научил оваа лекција на почетокот на својата адвокатска кариера.
Во својата работа, Триас сфатил дека понекогаш „најдобрите практики“ се нарекуваат така со причина. Тој имал идеја дека можетеда напредувате во кариерата само ако се истакнете но, старата поговорка „ако не е расипано, не поправај“ се применува почесто отколку што мислите.
2. Времето поминато на размислување е поважно од доследноста
„Моето најголемо финансиски жалење не беше моето трошење, тоа беше моето размислување“, вели Триас. „Порано постојано размислував да инвестирам по ниска цена, да чекам и потоа да продавам по повисока цена. Не можам да ја објаснам анксиозноста којашто ја чувствував тогаш“.
„Една од работите што функционира навистина добро е речиси безумната навика постојано да штедите и инвестирате секој пат кога ќе ја добиете вашата плата, без разлика што може да се случува во светската економија или дали мислите дека акциите се преценети“, вели тој.
3. Преценување на неговите потреби
Кога тој и неговото семејство првпат се преселиле во странство, Триас вели дека бил изненаден кога дознал колку малку всушност им е потребно за да се снајдат и во однос на материјалните работи и на трошењето пари.
„Отсекогаш мислев дека за да бидеме среќни, ќе ни требаат четири спални соби“, вели тој.
За среќа, не требало долго да сфати дека може да живее среќно со помалку.
„Ни требаа околу шест месеци да живееме на многу попрецизен начин за да сфатиме дека не само што не ни треба тоа, туку всушност многу од работите не сме ги ни сакале“.
Можеби сте различни. Можеби вашата идеја за удобно пензионирање вклучува можност да си дозволите личен готвач или способност да го јадете секој оброк во ресторан.
Истражувајте додека сте млади за да дознаете како всушност сакате да изгледа вашето пензионирање, а потоа размислете што е потребно за да стигнете до таму. Можеби е полесно отколку што мислевте.
Коментирај анонимно