Се појави видео од синот на Џејсон Момоа, Накоа-Волф, а луѓето не можат да се изначудат колку личи на татко му
Во неодамнешното видео, Накоа-Волф, 15-годишниот син на Џејсон Момоа и Лиза Бонет, го привлече вниманието на сите со тоа колку личи на татко му.
Во видеото, Џејсон зборува за придобивките од брендот за сапун наречен Humble, а во позадина е син му Накоа-Волф. Одеднаш, Момоа разиграно го турна својот син во водата.
Видеото брзо се здоби со популарност и заработи илјадници лајкови и коментари. Лени Кравиц, близок пријател на Момоа и поранешниот сопруг на Бонет, дури ѝ се огласи со слатка порака, велејќи: „Како е фамилијо?“, и вклучи емотикони со срце и тупаници.
Џејсон Момоа и Лиза Бонет имаат две деца заедно: 15-годишниот Накоа-Волф и 17-годишната Лола. Тие го финализираа својот развод во јули 2024 година, со договор за поделено старателство над нивните деца. Двојката беше во брак повеќе од седум години и беше во врска 12 години.
Епа, на кого да личи – на комшијата или на водоинсталатеро?
Коментирај анонимно