Се помирив со смртта: Турист раскажува за страшната средба со мечка
На 21 јуни, во националниот парк Ергаки на територијата Краснојарск, мечка нападна група од 13 туристи. Почина 16-годишен тинејџер, друго момче Егор успеа да преживее по страшниот судир, а тој на социјалните мрежи раскажа како се развивале настаните кобната вечер.
Туристите биле трет ден во планините кога 16-годишното момче не се вратило во кампот. Тогаш Егор и уште четири момчиња тргнале да го бараат.
,,Јас бев неколку чекори зад Артјом и сфатив дека мечката е зад мене. Додека да се освестам таа ме фрли на грб. Малку е да кажам дека тоа беше страшно. Мечката почна да ме кине со шепата по десниот бут до коска. Пеколна болка. Ми го кине долниот дел од грбот. Повеќе не врескам, снегот околу мене е црвен. Ми го гризна левото рамо со забите и ми го фрли телото надесно.”, раскажува Егор.
Во еден момент му текнало дека со себе имал нож и почнал да ја боде мечката во пределот на вратот. Во момент кога животното било дезориентирано успеал да избега и покрај страшните повреди.
Наскоро му била укажана лекарска помош, а мечката била убиена.








Доколку сакате добра акција или пак забегани и жестоки случки само за најхрабрите читатели, тогаш посетете го каналот Жестоко. Предупредување: Содржините може да ве вознемират!
