„Се породив на католички Божиќ и вечерта стигнав да ја јадам празничната вечера со семејството“
Млада мајка откри како се породила на католички Божиќ и сепак стигнала дома за празничниот ручек.
Анџел Масгроув ја родила својата ќерка Елси во раните часови на 25 декември, иако терминот за породување бил на 24 декември. Елси се родила во болницата Вест Сафик во Сафик, Велика Британија во 3:07 часот и тежела здрави 3.6 килограми.
Дваесетгодишната мајка била отпуштена истиот ден, а вечерта веќе била дома со своето прво дете. Анџел успеала да стигне до домот на нејзината мајка во Бери Сент Едмундс, 19 часа подоцна, каде ја чекал празничен ручек за неа и нејзиниот партнер, Зак Шокрос, кој има 23 години.
Младата мајка, чиј сопствен роденден е помалку од десет дена пред тој на нејзината ќерка, на 16 декември, призна дека тоа бил највкусниот Божиќен ручек што некогаш го изела. Тој воедно бил и првиот вистински оброк за неа и за нејзиниот партнер по три дена.
Овој празничен оброк бил вистинска награда по сите тешкотии на Бадник, кој го поминала целосно во породилни болки.
„Ме поттикнаа да започнам породување околу пладне во понеделник (23.12), а породилните болки започнаа повеќе од 24 часа подоцна“, објаснува Анџел.
„Цел Бадник бев во породилни болки, а Елси се роди во раните часови на Божиќ. Сè беше навистина неверојатно. Чудно чувство е да поминеш низ хаосот на породувањето, а потоа одеднаш да ја донесеш дома и да е толку тивко и мирно. Терминот ѝ беше на Бадник… Се надевав дека ќе се роди малку порано за да бидам дома за Божиќ, но тоа не се случи. Елси е моето прво дете и апсолутно е најубавиот Божиќен подарок што можев да го посакам“.
Анџел откри дека името на нејзината ќерка има поврзаност со иницијалите на бабата на нејзиниот партнер – Л.Ц.
Коментирај анонимно