„Се разведов од сопругата поради љубовницата и направив огромна грешка!“

„Со сопругата бевме на иста возраст, и двајцата наполнивме 43 години, но за мажите оваа година претставува нова младост, додека за жените најчесто значи старост, осаменост, а неретко целата комуникација е исполнета со непријатен сарказам.“

Во продолжение прочитајте ја исповедта на еден маж, кој ставил крај на несреќниот брак со развод за да биде со љубовницата, а еве што се случило:

„Јас и сопругата веќе некое време немаме добри односи, а и интимниот живот не беше блескав. Стана многу раздразлива и секогаш имаше за што да се жали. Ја сакав сопругата и мислев дека е само минлива фаза, сè додека не ја запознав тогашната љубовница.

Веднаш меѓу нас се појавија силни емоции во истиот момент и се впуштив во врска со друга жена. Иако поминувавме два до три часа заедно дневно, меѓу нас се разви многу силна врска. Таа беше потполна спротивност од мојата сопруга и ниту еднаш не ми се спротивстави.

Сопругата од друга страна, ме критикуваше за сè. Како јадам, како спијам, каде ги оставам чорапите, понекогаш имав впечаток дека пречам со моето присуство дома и дека само ја мачам. Покрај љубовницата, повторно се чувствував како човек достоен за почит. Одлучив дека повеќе нема да го толерирам однесувањето на сопругата и поднесов барање за развод.

Таа се согласи да се разведе од нас без никаков проблем, а јас ја напуштив нашата заедничка куќа со само еден куфер од личните работи. Веднаш отидов пресреќен кај својата љубовница, а по патот купив и голем букет цвеќе, но штом пристигнав почувствував дека нешто не е во ред.

Таа не се израдува на моја прегратка и не покажа преголема среќа поради мојот развод. Реков дека би сакал да останам со неа за време на викендот, а од Понеделник ќе започнам да барам стан за себе. Таа ноќ сè беше некако чудно, дури не ни спиевме во ист кревет, таа отиде да спие во дневната соба.

Ме разбуди наутро и ми рече дека купила весници со огласи за да барам стан. Ми раскажа како се навикнала да живее сама со години и дека не сака да има некој со себе зад кој ќе чисти и средува. Ми рече да заминам пред да се врати нејзината ќерка затоа што не сакаше да ме запознае со истата.

Останав збунет и изненаден. Не очекував дека работите ќе се одвиваат вака. Мислев дека ќе биде среќна што конечно бев слободен и дека можеме да планираме заедничка иднина. Останав сам на 40-годишна возраст, без сопруга и без љубовница.

Тогаш сфатив што прави сопругата за мене и дeка бев будала бидејќи не ја ценев. Мојата сопруга секогаш ме чекаше со подготвен ручек, без разлика дали ми беше лута или не. Секогаш ми подготвуваше чиста и испеглана облека за работа и секогаш беше покрај мене кога и да ми требаше.

Дури кога ја изгубив сопругата, сфатив што изгубив и што сите љубовници на светот никогаш не би направиле за нас мажите. Затоа што не им треба некој за чистење и чување. Тие се навикнати да живеат сами и повремено да го гледаат својот љубовник без поголеми обврски.“