Се роди преслатко кученце со пет ноџиња кое го освои интернетот

Се роди преслатко кученце со пет нозе кое е исто толку слатко како и неговите браќа и сестри со четири нозе.

Американскиот булдог Шанел е роден со вишок нога што се наоѓа на местото каде што треба да биде опашката. Имајќи го на ум нејзиниот уникатен додаток, сопствениците кученцето го нарекле Шанел #5.

Првично сопствениците биле збунети и се прашувале дали станува збор за петта нога или не, но по тестовите потврдено е дека Шанел е благословена со пет нозе, наместо четири.

Изгледа дека прерано е да се каже дали на Шанел ќе треба да и ја отстранат петтата нога или не, но во секој случај, таа ужива во животот.

Иако луѓето имаа многу прашања за Шанел, постои општ консензус за тоа колку е симпатична и секојдневно ги освојува срцата на интернет корисниците ширум светот.