Се сеќавате ли на ова несреќно момче? Пред 25 години се појави само во еден филм, а од таа улога сѐ уште заработува

Поранешниот детски актер Рис Томпсон ја имаше својата најзначајна улога пред 25 години во еден од најнаградуваните филмови на сите времиња.

Како петгодишен, тој се појави во култниот Титаник, во кој глумеше момче од ирска пониска класа, кое со мајка му и сестра му не успева да се качи на чамците за спасување и да го напушти бродот кој тоне.

Но, и покрај трагичната судбина на неговиот лик, улогата на Рис долгорочно се исплатела бидејќи открил дека се уште заработува од улогата, за која потоа бил платен околу 30 илјади долари.

„Сè уште добивам плата за Титаник, можам да добијам чек овде-онде за 100 или 200 долари, и тоа е секогаш убаво изненадување“, изјави Рис за Business Insider, кој се пензионираше по улогата и сега работи како маркетинг директор во ски-центар во Јута.

Кариерата ја започнал како дете модел, а кога победил на едно натпреварување, потпишал договор со агент за таленти, кој му нашол улога во Титаник.

„На мама ѝ се допадна идејата да се пробам како актер и решивме да се обидеме затоа што мислевме дека немаме што да изгубиме“, рече Томпсон, кој денес не жали за таа одлука.

Филмот „Титаник“ со Леонардо ди Каприо и Кејт Винслет во главните улоги заработи повеќе од 2 милијарди долари во 1997 година и освои дури 11 Оскари.