Се селиме на море? Градовите на иднината каде што ќе живееме за да ја спасиме планетата

Меѓународниот натпревар „Redesign the World“ ги охрабри дизајнерите ширум светот да осмислат иновативни решенија за спас на планетата. За да се опорави природата и да проникне шумите, Јустинијан Коу испрати интересен проект за градовите на иднината на вода.

Збирките на градови кои би го префрлиле животот од копно на вода, наречени „Китови“, треба да бидат самоодржливи – целосно напојувани од обновливи извори на енергија од морето, сонцето и ветерот.

Така, рибата како извор на протеини за идните жители ќе биде при рака, а отпадот ќе се користи како ѓубриво на пловечките фарми. Вегетацијата би се користела за природно прочистување на водата.

Изгледот на пловечкиот град е инспириран од „нежните џинови“, односно китовите, кои патуваат во групи, а модерната технологија во склад со природата и депопулацијата на копното би придонела за забавување на климатските промени.