Се шират украдени експлицитни видеа и слики од италијанската фудбалска судика Дијана Ди Мео

Дијана Ди Мео е е официјален судија на Италијанската судиска федерација, AIA-FIGC и како што тврди, била жртва на кражба и дистрибуција на лични фотографии и видеа. Според 23-годишната жена арбитар, во тек е „одмаздничка пoрнo акција“ против неа. Таа пријавила во локалната полиција во Пескара, нејзиниот роден град.

Судијката на својот Инстаграм објави видео во кое раскажува што се случило и дека пријавила кражба и дистрибуција на многу интимни и пикантни слики.

„Тие ги споделуваат моите приватни видеа на социјалните мрежи како и на Телеграм и WhatsApp без моја дозвола, а некои од нив дури и се снимени без моја дозвола“, рече Ди Мео.