Се слушнале три детонации: Србин киднапирал автобус во Германија и ги држел возачите како заложници
Германските медиуми објавија дека околу 21:25 часот во вторник влегле командоси на германската државна полиција познати како ДИК и се слушнале три детонации.
Патник во автобус на автопат во јужна Германија во вторникот зеде заложници тројца возачи, соопшти полицијата, додавајќи дека заложничката криза е успешно завршена и киднаперот е уапсен.
Полицијата преку твит објави дека затворила дел од автопатот А9 јужно од Нирнберг во Баварија, но не наведе причина. Потоа дале дополнителни информации дека се претпоставува дека автобусот бил нападнат од воодружено лицеи дека патниците успеале да го напуштат автобусот порано.
Билд пишува дека автобусот патувал за Србија. Доцна синоќа полицијата објави дека се започнало со тепачка помеѓу неколку патници, по што патниците избегале од автобусот, додека српскиот државјанин останал со возачот. Во тој конфликт, две лица се полесно повредени.
Иако се верувало дека киднаперот имал оружје досега полицијата не пронашла оружје. 30-годишниот Србин е уапсен и истрагата ќе продолжи.