„Се вратив од 2031 година откако еден месец бев во кома“ Студентка по медицина тврди дека всушност никогаш не умираме, а она што го доживеала запрепастува
„На четврти јули 2025 година паднав во кома поради двострана белодробна тромбоемболија. Истиот ден доживеав прв срцево-респираторен застој. Лекарите им соопштија на моите родители дека мојот мозок е мртов. Во кома поминав околу еден месец. Моето тело лежеше во болница, но јас продолжив да живеам сосема нормален живот, само не во 2025, туку во 2030 година“, вака го опишува своето необично искуство студентката по медицина Руби Ролге, која живее во Мексико.
Според нејзиното сведоштво, и покрај тешките оштетувања на мозокот што лекарите ги сметале за неповратни, таа се разбудила од кома и закрепнала. Руби тврди дека за еден месец, додека нејзиното тело било во болница, проживеала 2030 и 2031 година во друг живот, исполнет со технолошки, општествени и духовни промени. Она што го раскажува го доведува во прашање вообичаеното разбирање на стварноста и времето, бидејќи вели дека животот во комата и делувал постварен од овој што го живее денес.

Содржина:
- Мониторот не вклучил аларм, а потоа следел и втор срцев застој
- Во животот од 2030 година веќе ги завршила студиите и истражувала рак
- На роденденот на брат и во 2031 првпат почувствувала страв
- Од таванот на болничката соба го гледала своето тело и лекарите околу него
- „Ние всушност никогаш не умираме“ е заклучокот со кој Руби се вратила дома
Мониторот не вклучил аларм, а потоа следел и втор срцев застој
„Лекарите утврдија дека имам двострана белодробна тромбоемболија. Тоа се случува кога крвен згрутчок ќе затне крвен сад. Во мојот случај дојде до затнување на белодробната артерија. Паднав во кома. Истиот ден доживеав прв срцев застој. Од некоја причина мониторот на кој бев приклучена не вклучил аларм, па лекарите не започнале веднаш со реанимација. Следниот ден ме префрлиле во друга, специјализирана болница. Таму доживеав втор срцев застој“, раскажува Руби Ролге.
Нејзиното срце не чукало десет минути. По реанимацијата, лекарите утврдиле дека претрпела неповратни оштетувања на мозокот. Кога пристигнале резултатите од невролошките испитувања, лекарот и погледнал на мајка и право в очи и рекол: „Мозокот на вашата ќерка е мртов.“
На семејството му било предложено Руби да биде донатор на органи. Родителите не сакале ни да слушнат за таква можност, иако биле свесни дека нивната ќерка била приклучена на апарати и дека поминала низ две операции за само два дена.

Во животот од 2030 година веќе ги завршила студиите и истражувала рак
„Додека моето тело беше во таква состојба, јас живеев сосема нормален живот. Судејќи според моите години, беше 2030 година. Ги завршив студиите и учествував во истражувања за ракот. Бев во брак со мојот сегашен сопруг, со кого се венчавме непосредно пред да паднам во кома. Ги имав истите родители, истите браќа и истите пријатели“, раскажува таа.
Во светот во кој се нашла, Руби се будела секое утро, имала секојдневна рутина и излегувала надвор. Гледала луѓе, деца и кучиња. Се и изгледало познато, но подобро отколку во сегашниот свет. Чувствата биле полесни, животот поедноставен, а таа била постојано спокојна, без страв и внатрешна напнатост.
Забележала дека луѓето не биле зависни од социјалните мрежи. Иако имале мобилни телефони, никој не одел по улица загледан во екран. Наместо тоа, многу повеќе разговарале едни со други. Руби вели дека никогаш не видела насилство или навреди, немало сиромашни луѓе, ниту, пак, се сеќава дека постоеле календари и датуми на телефоните.

На роденденот на брат и во 2031 првпат почувствувала страв
„Таму ги славевме сите празници, вклучувајќи Божиќ и Нова година. Еден од последните настани што ги доживеав во тој живот беше роденденот на брат ми. Наполни 33 години, а толку ќе има дури во 2031 година. По тој повод организираше забава. Останав кај него до доцна, а потоа сама тргнав накај дома. Таа вечер првпат почувствував страв. Забележав некои силуети во мракот. Почнаа да ме бркаат“, се присетува Руби.
„Така, по еден месец поминат во кома, се вратив од 2031 година. Кога дојдов при свест, бев многу вознемирена затоа што мајка ми изгледаше постара отколку во животот од кој штотуку се вратив. Не можев да разберам зошто сум во болница. Мислев дека е поради оние луѓе што ме бркаа. Не знаев дека сум била во кома. Животот во кој се вратив ми изгледаше толку нестварно што почнав да паничам. Апаратите веднаш реагираа, па лекарите мораа да ми дадат средство за смирување“, раскажува таа.

Од таванот на болничката соба го гледала своето тело и лекарите околу него
Поради цевчето во грлото, Руби не можела да зборува. Не го чувствувала телото и не можела да се движи, туку само да клима со главата. Будењето од комата за неа било вистински пекол, исполнет со постојани болки. Од семејството дознала дека на 4 јули се разбудила неподвижна, по што сопругот веднаш ја однел во болница.
„Никогаш не успеав да се сетам на сето тоа, но се сетив како се набљудував себеси од таванот на болничката соба. Го гледав своето тело и лекарите околу него. Потоа здогледав силна светлина. Додека минував низ неа, гледав сцени од моите сеќавања што минуваа покрај мене во слоеви. Потоа едноставно продолжив да живеам. Многумина велат дека сум завршила во друга стварност, но не е така – моите браќа, родители и сопругот беа истите луѓе како во овој живот“, објаснува таа.
Во тоа искуство запознала и луѓе што никогаш претходно не ги видела. Меѓу нив бил и еден ветеринар кој постојано и помагал и ја штител. Кога по будењето и го опишала на медицинска сестра, таа останала запрепастена: описот целосно се совпаѓал со друг пациент кој исто така бил во кома на истото одделение за интензивна нега, но, за разлика од Руби, не преживеал.

„Ние всушност никогаш не умираме“ е заклучокот со кој Руби се вратила дома
„Се надевам дека тој човек продолжува да живее во стварноста од која се вратив. Многу ми недостигаат луѓето што ги запознав таму, ми недостига тој мир и чувството на сигурност“, вели Руби.
На почетокот, враќањето и изгледало како кошмар. Сакала да вика и да побегне, па дури и се молела да се врати во тој свет без конфликти и стрес. Таму постоела и вештачка интелигенција, но луѓето ја користеле само за автоматизација на секојдневните обврски, за да имаат повеќе време за семејството и пријателите.
Руби смета дека човештвото може да создаде таква иднина ако луѓето почнат да веруваат во неа и со своите постапки придонесуваат за нејзино остварување. Секој ден упатува зборови на благодарност и љубов кон светот околу себе.
„Им благодарам на луѓето за секоја ситница. Кога ќе се разбудам и ќе видам дека сум во својата соба, велам: ‘Благодарам што не се разбудив во болница. Фала му на Бога што можам да се движам и да одам.’ Учам да уживам во овој живот. Сè поуверена сум дека Бог постои. Знам дека постојат духови и други стварности. Да се тврди дека тоа не постои значи да се затвориме пред светот, затоа што ние познаваме само капка во морето, а го занемаруваме целиот океан на непознатото“, вели Руби.
По враќањето од болница, таа тврди дека неколку пати во својата куќа гледала луѓе што не постојат во нашиот свет.
„Порано бев религиозна личност, а подоцна почнав да верувам во реинкарнација и будизам. Денес верувам во душа што никогаш не умира. Ако умрам во универзумот А, ќе го продолжам животот во универзумот Б или во некој друг универзум. Истото ќе се случи и со моите блиски кога нивниот живот тука ќе заврши. Ние всушност никогаш не умираме. Сфатив и дека Бог постои и дека тоа не е исто што и религијата – тој е многу поголем од каков било физички облик, тој е она што управува со сè и сè создава“, заклучува Руби Ролге.


Коментирај анонимно