„Се заљубив во осуден убиец што отслужува 20-годишна казна во затвор — еве зошто сакам иднина со него“
Британка се заљубила во американски затвореник кој издржува 20-годишна казна за убиство од небрежност.
Робин Кет го пронашла на Редит во јуни 2024 преку објава од член на семејството на Деандре Парсонс, 27, кој прашувал дали некој сака да му биде пријател по писма. Семејството во објавата кажувало дека Парсонс, кој убил човек со огнено оружје, се чувствувал осамен.
Робин, 33-годишна мајка, одлучила да му напише од љубопитност — само што го изгубила својот партнер Ник, 35, кој починал од рак во декември 2023, и решила дека „животот е прекраток.“ „Го видов и си помислив: ‘Зошто да не му напишам?’ Мојата пријателка пишуваше некому и ми кажа дека е поинаку, а јас бев љубопитна.“
Таа вели дека веднаш почувствувале силна поврзаност, иако тој не бил „нејзиниот тип.“
„Беше лесно да се зборува со него. Делуваше искрено. Имав чувство како да го знам цел живот“.
Кога Кет и Парсонс, двајцата од Конектикат, почнале да разговараат, Парсонс на почетокот не зборувал многу за својата казна, но со време почнал да се отвора.
„Го пребарав на интернет за да се уверам дека не е опасен“ – вели таа.
Парсонс се изјаснил за виновен за убиство од прв степен со огнено оружје во Високиот суд во Стемфорд, откако неуспешен обид за грабеж завршил со трагедија. Во септември 2022, тој бил осуден на 20 години затвор.
„Првичното обвинение беше за убиство при грабеж. Тој отишол во куќата за да украде марихуана, но таму биле мажот, неговата партнерка и детето. Тој не излегол со намера да наштети некому“.
Но, Кет не го осудува Парсонс поради неговата осуда за убиство.
„Не можам да го поврзам со злосторството. Не сум личност која осудува. Не можете да судите некого само поради она за што е осуден. Не ги знаете личните околности“. Да навистина кои сме ние да судиме некој што веќе е осуден на 20 години и не погрешно, туку го сторил делото…
Двајцата си пишуваат секој ден, а Парсонс и се јавува на Кет од затвор секогаш кога има можност. Има дозволени 10 пораки и шест бесплатни повици дневно, и тоа време го користат за разговори за сè, од храна до ТВ-шоуа.
„Ме смее. Едноставно се заљубив. Сè е природно. Тој ми кажа дека ме сака уште пред да види фотографија од мене“. Му веруваме!
Парот се слуша веќе четири месеци, а Кет планира да заштеди пари и да го комплетира процесот за дозвола за посета за да може следната година да отпатува и да го посети во затвор.
Иако има 20-годишна казна, Парсонс ќе има можност за условна слобода по шест години.
„Често зборува за иднината. Би се преселила таму. Сакам иднина со него. Откако го изгубив мојот партнер во декември, сфатив дека животот е прекраток. Не очекував повторно да најдам љубов“.
Коментирај анонимно