Се запознале на интернет за време на пандемијата и тој патувал над 16.000 км за да живеат заедно

Модерните љубовни приказни најчесто се поврзани со интернетот. 33-годишниот Ендру Монк од Австралија не се надевал дека животот ќе му отиде во сосема различен правец откако пред 4 месеци на интернет се запознал со 32-годишната Росана Вилсон од Пајнгтон, Девон, Англија.

Тие се имале на социјалните мрежи преку заеднички пријател и двајцата биле во врски, но Ендру раскинал во март, а Росана во јуни. Росана имала Јутуб канал каде што правела интервју со 30-годишни сингл мажи и жени и разговарале за проблематиките за влегување во врска.

Ендру се понудил да ѝ даде интервју, но откако почнале да зборуваат сфатиле дека си се допаѓаат и интервјуто пропаднало во вода. Тие секојдневно разговарале и се гледале на камера, а Ендру одел на плажа рано наутро за да ѝ го покаже изгрејсонцето на Росана.

Росана вели дека воопшто не било непријатно кога за прв пат го пречекала Ендру на аеродромот. Таа само не знаела дека во живо е повисок. Ендру се откажал од работата и животот во Австралија и одлучил да почне од почеток со Росана во Англија.