„Се женам со мојата професорка по физичко од средно – сите мои пријатели беа заљубени во неа во тие младешки денови“
Скот Дејвис (33) се заљубил во својата поранешна професорка по физичко образование, Хелен Бут (41), 13 години откако таа му предавала во средно училиште. Нивните патишта повторно се вкрстиле во 2022 година, долго по нивното време во училиштето Баркли во Велика Британија, каде Дејвис бил ученик, а Бут предавала.
Она што започнало како нешто случајно се претворило во нешто повеќе, откако и двајцата сфатиле дека имаат потенцијал за врска.
„Ниту еден од нас не бараше партнер, но работите си дојдоа на свое место“, изјави Дејвис. За неколку дена тие станале неразделни, а две години подоцна, во август 2024 година, Дејвис ја запросил девојка му на плажа на Ибица.
Двојката, која сега живее заедно, треба да се венча следната година. И покрај 8-годишната разлика во возраста, тие споделуваат длабока врска, а Бут ја опишува нивната врска како „многу посебна“ и нешто што и двајцата ги прави „многу среќни“.
Нивната приказна има свои хумористични моменти, на пример тоа што пријателите на Дејвис како ученици биле исто така заљубени во Бут. Дури и Дејвис првично се двоумел да им каже на родителите за врската, но тие му дале целосна поддршка кога дознале.
Сега, тие се подготвуваат за брак и заеднички живот и им пркосат на сите предизвици.
Коментирај анонимно