Шефот исчезнaл 8 недели велејќи дека има Ковид, но вработен ја открил вистината и го разоткрил лажгото на креативен начин

Неодамнешните времиња се полни со неизвесност и екстремна вознемиреност. Речиси никој не се чувствува безбедно на работа. И единствената позитивна работа што произлезе од оваа ситуација е тоа што луѓето успеаја да се обединат и да си подадат рака едни на други. Многу луѓе се погодени од пандемијата на еден или на друг.

Сакале или не, поголемиот дел од времето го поминуваме на работа. Па така, станува природно луѓето да станат пријатели или барем добри познаници со луѓето со кои работат. Дури и да не е така, за време на пандемијата, многу луѓе научија да се грижат едни за други и да се чуваат меѓусебно ако нешто тргне наопаку.

Корисникот на Reddit, @GranetBlanco, одлучи да ја сподели приказната за тоа како нивниот шеф одлучил да го искористи Ковид-19 како изговор за неговото 8-неделно отсуство на работа.

Корисникот ја започна својата приказна велејќи дека среде пандемија, нивниот шеф исчезнал без објаснување. Иако било напорно, тимот успеал да работи без него на почетокот. Но, како што минувало времето, нараторот и неговите соработници почнале да се загрижуваат, мислејќи дека можеби му се случило нешто сериозно на нивниот шеф.

Откако тимот не бил во можност да продолжи со работата, бидејќи некои работи „биле надвор од нивна јурисдикција“, тие одлучиле да повикаат некои од надлежните органи на компанијата за да дознаат што се случило. Тогаш сите дознале дека газдата има COVID-19. Колегите веднаш го контактирале шефот и му посакале да оздраве побрзо.

По 3 недели, шефот се` уште не се појавил, предизвикувајќи сите да почнат да шпекулираат за неговата можна смрт. Бидејќи биле добри колеги, тимот постојано се обраќал до семејството на нивниот шеф и испраќал мали подароци.

Во овој момент, нивниот проект се претворил во хаос, а некој дури почнале да шпекулираат дека можеби нивниот шеф воопшто не бил болен, туку само одлучил да се одмори.

Конечно, по 8 недели, шефот се појавил и продолжил со својата работа. Она што го изненадило нараторот и неговите колеги било тоа дека шефот не ја коментирал ситуацијата и не кажал детали за неговата болест. Покрај ова, тој не личел на некој што штотуку страдал од многу опасен вирус, туку наликувал на некој што штотуку се вратил од одмор.

Важниот пресврт на приказната се случил 4 или 5 месеци подоцна кога раскажувачот на приказната вели дека неговата сестра видела промо видео за ново реално ТВ шоу. Промоцијата го прикажала шефот на нараторот како еден од натпреварувачите. Одеднаш, корисникот сфати каде бил нивниот шеф цело ова време.

Вработениот не можел да попушти  така лесно, па решил да ја искористи можноста да организира забава за сите колеги и на овој начин им покаже на сите што правел нивниот шеф во времето на неговото отсуство на работа.

Корисникот ја заврши својата приказна наведувајќи дека шефот добил отказ, а луѓето во канцеларијата се` уште не можеле да веруваат дека мислел дека нема да биде откриен.