Шефот на опасните „Јакуза“ стана првиот јапонски мафијаш што ја доби најтешката казна во државата

74-годишниот Номура Сатору беше прогласен за виновен за наредба на четири напади, од кои едниот резултираше со смрт, од страна на судот во Фукуоко, Јапонија.

Тој негираше каква било вмешаност, и по изрекувањето на казната упати тешка закана до судот, велејќи: „Барав фер одлука… ќе жалите ова до крајот на животот“.

Нападите, што се случија помеѓу 1998 и 2014 година, вклучуваа фатално стрелање на поранешниот шеф на риболовна задруга, како и напади со нож врз член на семејството на жртвата, медицинска сестра која го лекувала Номура и полицаец.

Обвинителите тврдат дека иако немаат директен доказ за поврзување на Номура со нападите, како шеф на моќниот синдикат Кудо-каи, или подобро познат како „Јакуза“ тој ја има крајната одговорност за дејствијата на групата.

Судијата рече дека постапките на Номура биле „крајно злобни“, пред да го осуди мафијашот на смрт со бесење. Се очекува тој да поднесе жалба за казната.

Пресудата беше донесена кратко откако вториот човек на Номура, Фумио Тануе, беше осуден на доживотен затвор за неговата улога во нападите.

За разлика од италијанската мафија, Јакуза не е нелегална во Јапонија и во минатото се толерираше како „нужно зло“ во земјата. Иако беше неочекувана, одлуката на судијата да го осуди Номура на смрт доаѓа во контекст на зголемените прописи за борба против мафиите во Јапонија.