Сега е и научно докажано: Туморот на белите дробови буквално се храни со шеќери – Македонската трпеза и секојдневие се штетни
Најновите истражувања откриваат шокантна вистина: канцерогените клетки на белите дробови главната енергија за својот раст ја црпат од шеќерот. Oва предупредување доаѓа од студија спроведена во САД, во која е докажано дека гликогенот – молекула што акумулира шеќер во нашите клетки – директно го поттикнува развојот на канцерот на белите дробови. Дали македонските навики се најголемиот ризик во борбата против оваа болест?
Содржина:
- Македонската трпеза изобилува со опасни шеќери и брзи јаглехидрати кои го хранат канцерот
- Телото и шеќерите: За нашиот организам е исто дали ќе изедеш парче торта или парче бел леб! Двете се исти непријатели за пациенти со канцер
- Како до промена: Македонија мора да избере здрава, локална и нутритивно богата храна за да го намали ризикот од канцер
- Оваа храна телото ја разбира како чист шеќер: Листа на забранети намирници за пациенти со канцер
- Враќањето кон свежа, необработена храна и сосема минимален внес на природни шеќери може да спаси животи во Македонија
Македонската трпеза изобилува со опасни шеќери и брзи јаглехидрати кои го хранат канцерот
Нашата традиционална кујна секојдневно на трпезите носи бели пецива, леб, пирошки, бели макарони, компир, бел ориз, како и газирани и засладени пијалаци, колачи, сладолед, купечки ајвар со додаден шеќер и индустриски производи со скриен шеќер. Во последниве години, западните навики само го зголемуваат внесот на рафинирани шеќери, што претставува сериозна опасност, особено за луѓе со ризик од рак на белите дробови. Во гасната комора во која што живееме, тоа сме сите!
Телото и шеќерите: За нашиот организам е исто дали ќе изедеш парче торта или парче бел леб! Двете се исти непријатели за пациенти со канцер
Научниците предупредуваат: На телото му е сеедно дали прима бонбони или парче бел леб, печиво или бурек – за туморот тоа е извор на брз шеќер. За македонските пациенти ова е алармантна порака: љубовта кон бел леб, бурек, пастрмајлии, пита и кифли е директен ризичен фактор. Уште повеќе, „скриениот“ шеќер во популарните преработени производи дополнително ја зголемува опасноста.
Како до промена: Македонија мора да избере здрава, локална и нутритивно богата храна за да го намали ризикот од канцер
Време е за одлучни чекори – потребна е национална стратегија и јавно здравствено образование кое ќе ги охрабри граѓаните да консумираат интегрален леб, свежо овошје и зеленчук, мешунки, јаткасти плодови. Индустриски процесирана храна и брзи јаглехидрати мораат да се сведат на минимум. Промената е можна само со враќање кон нашите медитерански и балкански корени.
Оваа храна телото ја разбира како чист шеќер: Листа на забранети намирници за пациенти со канцер
Следната храна телото ја третира како шеќер и мора да се избегнува целосно кај пациенти со рак:
– Леб и бели пецива
– Макарони и тестенини
– Компир (посебно пире и помфрит)
– Ориз
– Газирани сокови, засладени чаеви
– Колачи, кроасани, бисквити, сладолед
– Индустриски преработена храна (грицки, мусли со шеќер, житарки за појадок со шеќер)
– Кетчап, мајонез, индустриски ајвар со додаден шеќер
– Слатки вина, алкохолни коктели
Враќањето кон свежа, необработена храна и сосема минимален внес на природни шеќери може да спаси животи во Македонија
Македонската традиција нуди вистински одговор – свеж, локален зеленчук и необработена храна со минимизиран внес на природни шеќери од овошје. За оние со канцер дијагноза ова може да значи сериозна разлика во квалитетот и должината на животот. Недвосмислената порака: здравата македонска трпеза и научната свесност се нашата најголема заштита.

Коментирај анонимно