Сега е потребна КОЖА – започнуваат реконструктивните операции на повредените од Кочани
По пожарот во кочанската дискотека „Пулс“ на 16 март, во кој загинаа 59 лица, во моментов се лекуваат 178 пациенти, од кои 64 се во државните болници, 13 во приватните, а 101 во странство. Министерот за здравство, Арбен Таравари, соопшти дека денеска се врши последниот транспорт на повредени.
Директорот на ГОБ „8 Септември“, д-р Синиша Стојаноски, истакна дека сегашните трансфери се насочени кон пациенти со најтешки изгореници, кои се испраќаат во специјализирани центри. Во болницата пристигнаа тимови од Србија, Израел и Чешка, кои вршат дебридман и ги подготвуваат пациентите за реконструктивна хирургија.
Директорот на ФЗО, Сашо Клековски, информираше дека во Солун е извршена прва трансплантација на кожа, а во соработка со холандска фондација се набавуваат кожни графтови за идни третмани во Македонија.
Смеењето е најслатко кога е на своја сметка. Дознајте какви несекојдневни работи се случуваат во секојдневниот живот на Македонците на каналот Македонски несекојдневни ситуации. Испратете своја смешна слика или видео овде.
Коментирај анонимно