Сега кравите ни се криви: Ирска планира да убие 200.000 крави затоа што испуштаат гасови, за да „ја спаси планетата од глобалното затоплување“

Додека вие спиевте, глобалистичките фанатици тргнаа по вашите резерви на храна.

Глобалистичкото движење е насочено кон производството на храна на Запад. И, се разбира, службениците со задоволство помагаат.

Владините претставници во Холандија, голем европски производител на храна, затворија 3.000 продуктивни фарми за да се усогласат со целите за глобалното затоплување во ноември.

Во декември Германија им нареди на земјоделците да го намалат ѓубривото откако холандските фарми беа затворени за да се усогласат со стандардите за глобалното затоплување.

И оваа недела ирските пратеници го туркаат планот за убивање на 200.000 крави за да ги постигнат своите цели за глобалното затоплување. Односно кравите испуштаат премногу гасови и со тоа многу јаглерод диоксид во природата.

 

Ирската влада ја разгледува иницијативата за значително намалување на бројот на крави со цел да ги достигне целите за климатските промени. Целта за намалување на емисиите на јаглерод диоксид за четвртина во Ирска до 2030 година е поставена од владата.

Еден предлог да се постигне ова е со намалување на националното стадо за 10%, што е еквивалент на отстранување на 65.000 крави годишно за три години.

Одделот за земјоделство рече дека извештајот во кој се наведува намалувањето на кравите за 200.000 е „документ за моделирање“.

Вчера беше објавено дека кравите ќе треба да бидат „уништени“ по цена од 600.000 евра за даночните обврзници во следните три години за да се исполнат целите за климатските емисии.

Човекот почна да уништува сѐ, па сега кравите му се криви…

Доколку сакате добра акција или пак забегани и жестоки случки само за најхрабрите читатели, тогаш посетете го каналот Жестоко. Предупредување: Содржините може да ве вознемират!

Коментирај анонимно

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *