„Секогаш носеше насмевка на нашите лица. Да му дадете два трицифрени броеви тој ќе ги помножи побрзо од калкулатор“ – Првиот човек на кого му беше дијагностициран аутизам во 1938, почина на 89 години
Човекот од Мисисипи познат како „Случај 1“, првиот човек на кого му беше дијагностициран аутизам, почина на 89 години.
Доналд Триплет беше тема на книгата насловена „Во различен клуч“, документарен филм на PBS и безброј статии во медицински списанија. Но, за вработените во „Банк оф Форест“, тој едноставно беше „Дон“.


Триплет починал во четвртокот, потврди Леса Дејвис, постар потпретседател на банката. Тој имал 89 години. Триплет работел 65 години во банката каде неговиот татко Бимон Триплет бил главен акционер.
„Дон беше извонреден и се грижеше за работата. Триплет, дипломираше на колеџот Милсапс во 1958 година, уживаше во голфот и патувањата и често леташе до егзотични места. Тој живееше во својот свет, но ако му дадете два, трицифрени броеви, тој може да ги помножи побрзо од калкулатор“, рече извршниот директор Ален Бреланд за Триплет.
„Го познавам цел живот. Беше радост да се има наоколу. Тој секогаш носеше насмевка на нашите лица“, рече неговиот внук.

Во 1938 година, Триплет бил прегледан од австрискиот детски психијатар Лео Канер во болницата Џон Хопкинс во Балтимор, кој првично бил збунет од симптомите на момчето, според Енциклопедија Британика. Решен да најде дијагноза, Канер го видел Триплет уште неколку пати и до 1943 година видел 10 деца со слични симптоми на Триплет. Конечно, дијагнозата за аутизам на Триплет произлегла од деталното писмо на 22 страници испратено до Канер, во кое се содржани опсервации од неговите родители за неговите способности и однесување.
Писмото останува примарен референтен документ за оние кои го проучуваат нарушувањето.

Триплет, на рана возраст, покажал предизвици со социјалните интеракции и необична вештина за меморирање. Несигурни што да прават, родителите на Триплет го однеле ви државна институција во 1937 година пред да го вратат дома една година подоцна.
Оливер Триплет, внук на Триплет, изјави дека приказната на неговиот вујко им нуди надеж на родителите со деца со посебни потреби.
„Тие можат да го видат Дон и заедницата која го прегрна“, рече тој.

Коментирај анонимно