„Секогаш сум подготвена за „freak off“ забава“ – новото сведочење на поранешната девојка на Диди, Кеси Вентура, откри нови „сочни“ докази за тоа што го правел тој во минатото

Во текот на судскиот процес против Шон „Диди“ Комбс во Њујорк, објавени се делови од текстуалната комуникација меѓу раперот и неговата поранешна партнерка Касандра Вентура, позната како Кeси. Таа е клучен сведок во случајот каде Комбс се соочува со тешки обвиненија, вклучително и сексуален трговија, рекетарска заверa и организирање проституција, за што може да добие доживотна затворска казна доколку биде прогласен за виновен.

Судот веќе слушна вознемирувачки сведоштва за наводното однесување на Комбс, меѓу кои и тврдењата дека Кеси морала да ангажира машки и женски придружници за сексуални активности во негово присуство. Тие таканаречени „freak off“ забави понекогаш траеле со денови. Иако адвокатите на Комбс тврдат дека сè било доброволно, објавените пораки фрлаат комплексна слика.

 

„Секогаш сум подготвена за „freak off“ забава“ - новото сведочење на поранешната девојка на Диди, Кеси Вентура, откри нови „сочни“ докази за тоа што го правел тој во минатото

Согласност или принуда?

Во една порака од август 2009, Комбс ја прашува кога сака следна „епизода“, на што Каси одговара: „Секогаш сум подготвена за freak off.“ Подоцна му испраќа експлицитна порака, на која тој одговара со возбуда, а таа додава: „И јас, сакам да биде неконтролирано.“

Иако пораките на моменти делуваат како да изразуваат ентузијазам, Кеси во сведочењето објасни дека често чувствувала принуда да му удоволи на Комбс, кого тогаш го сакала. Таа изјави и дека „ги мразела“ таквите забави, што го комплицира прашањето за согласноста.

 

Согласност или принуда?

Судењето продолжува…

Кеси исто така откри сума што ја добила откако во 2023 поднесе тужба против Комбс за силување, насилство и сексуален трговија. Иако постојат и видео-докази, како снимка од хотел во која таа се влече по подот, адвокатите на Комбс тврдат дека сите активности биле доброволни.

Случајот привлече внимание и од други познати личности, но поротата ќе треба да ја донесе својата одлука врз основа на директните докази презентирани во федералниот суд.

 

Доколку сакате добра акција или пак забегани и жестоки случки само за најхрабрите читатели, тогаш посетете го каналот Жестоко. Предупредување: Содржините може да ве вознемират!

Коментирај анонимно

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *