Секој може да избере Скопје да блеска од хуманост: Започна петиција за пренамена на средствата планирани за китење на градот

Дали сметате дека во оваа ситуација во која што сме денес, огромните парични средства извоени за китење на градот Скопје треба да се пренаменат во хуманитарни цели односно во вид на парична помош за социјално загрозените семејства? Доколку ова е вашето мислење изразете го преку петицијата која што можете да ја најдете ТУКА.

„Ние како совесни граѓани се откажуваме од славењето на Нова Година со цел да покажеме солидарност кон тие семејства кои не можат да си допуштат топол оброк, посебно во овие тешки времиња каде се соочуваме со глобална пандемија. Да бидеме сите хумани и да се активираме за да помогнеме таму каде што е најпотребно. Со потпишување на оваа петиција ја покажуваме нашата солидарност, бидејки пред сѐ Скопје е град на солидарноста!“, се вели во петицијата.

Барањето до градот Скопје ќе биде доставено на 16.11.2020 година (понеделник), затоа искажете го своето мислење ТУКА.