Секој заслужува втора шанса: Бездомен зависник од дрога се извлече од страшниот свет и стана пример за другите
Џеси Тистли уште како дете бил изложен на криминални дејствија. Неговиот татко ги научил него и неговите браќа уште на 4-годишна возраст како да крадат храна од продавници. Џеси поминал биз безброј турбуленции во животот но, сега 44-годишниот кандидат за докторат пред себе гледа само блескав живот, кој за жал не го имал во младоста.
Тој е роден во северен Саскачеван, Канада, откако неговиот татко избегал од спроведувањето на законот во Западен, Торонто и ја запознал неговата мајка, која е член на домородната група Метис Кри. Татко му на Џеси имал проблеми со зависноста од дрога и тој вели дека неговите родители биле „лоша судбина од самиот почеток“. Парот се разделил а Џеси и неговите брака заминале со нивната мајка во Мус Џав.
Семејството останало таму сè додека таткото на Џеси не се вратил во нивниот живот тврдејќи дека ја има надминато зависноста. Таткото велел дека сака да се грижи за децата па мајката на Џеси му дозволила да заминат за таа „малку да одмори“. Таткото на Џеси потоа ги оставал него и неговите браќа сами во станот со малку или без храна, додека тој одел во потрага по дрога. Откако еден од соседите пријавил занемарување децата биле преземени во државата и почнале да ги сместуваат во згрижувачки семејства, пред да бидат однесени во домот на нивните баба и дедо во Брамптон, Онтарио.
Бидејќи бил разделен од своите корени Џеси не знаел точно кој е па им велел на луѓето дека е Италијанец за подобро да се вклопи во градот каде што живееле најмногу белци. Тој во 80-тите и 90-тите постојано одел на забави и консумирал големи количини алкохол и дрога. Џеси објаснува: „Се изгубив таму, долго време… Тие велат дека влезната дрога кон зависноста хардкор не е марихуана, тоа е траума и тоа беше точно за мене.“
На Џеси училиштето не му било силна страна па постојано влегувал во проблеми. Кога неговите баба и дедо сфатиле дека се дрогира го избркале од дома, а тој заминал да живее кај неговиот брат Џош кој бил полицаец. Џош барал од Џеси да му вети дека нема да користи наркотици, но откако го начекал со марихуана во станот и тој исто така го избркал.
Џеси најниско паднал кога го посетил другиот брат Џери. Тој случајно се заклучил надвор од станот и во момент на криза за наркотици помислил дека неговата девојка е внатре и го изневерува со Џери. Тој се качувал по ѕид, паднал и завршил во болница со сериозни повреди од кои подоцна и добил инфекција. Работите станувале сѐ полоши и Џери го избркал на улица, а тој почнал често да завршува во затвор.
Откако видел еден затвореник како е посмирен од другите и постојано учел и читал, одлучил и тој да го проба истото. Завршил одреден вид на образование во затворот, кога излегол се пријавил на програма за одвикнување, каде што ја запознал сега неговата сопруга. Тој успеал да заврши факултет и да стане асистент на „Јорк Универзитетот“ и сега работи на својот докторат. Џеси дури завршил и како еден од најдобрите студенти.
Сепак смета дека неговиот животен пат не треба многу да се преувеличува затоа што тој сакал за себе само едноставен живот. Сега тој се надева дека освен докторатот ќе има и деца со својата сопруга за да стане таткото кој што тој никогаш го немал. Џеси напишал и книга „From The Ashes“.