СЕКОЈА ЧЕСТ: Ед Ширан има распродадена тура низ цела Австралија, но сепак патува со комерцијален лет, наместо со приватен авион!
Патниците на летот на „Virgin Australia“ од Балина до Сиднеј беа изненадени кога го видоа суперѕвездата Ед Ширан како лета со нив во авион оваа недела.
Пејачот (32), кој е во Австралија на својата турнеја, го фати летот пред неговите распродадени концерти овој викенд на стадионот „Акор“.

Обожавателите го пофалија затоа што е скромно и приземјено момче со тоа што лета со економска класа наместо со приватен авион, како што прават повеќето меѓународни ѕвезди.
„Тој е само приземен човек“, коментира едно лице на „Инстаграм“.
„Убавото е што тој зеде комерцијален лет, а не приватен авион. Прилично скромно“, додаде друг.
„Мислам дека треба да го нормализираме ова и да прифатиме познати личности да користат комерцијални летови исто како нас. На овој начин можеме да и помогнеме на нашата околина“, рече еден негов обожавател.

Ед штотуку заврши три концерти во Бризбејн и ќе свири два концерти во Сиднеј за време на викендот, пред да се упати во Мелбурн и Аделаида.
Во неделата, тој беше сликан како ужива во денот на плажа на сонце со неговата сопруга Чери Сиборн (30) и нивните две деца, Лира Антарктика (2) и Јупитер (9 месеци) во заливот Бајрон.
Во ноември 2021 година, Ед откри дека неговата ќерка Лира е благослов и чудо откако се бореа да забременат со неговата сопруга.
Музичарот зборуваше за тоа како двојката резервирала лекарски прегледи за да провери дали се е во ред откако веќе некое време се обидувале да имаат дете.

Тие на крајот ја зачнаа Лира природно додека беа на одмор на Антарктикот во 2019 година, што го инспирираше нејзиното единствено средно име.
Ед и Чери се пар од детството, бидејќи пораснале во ист град. Тие повторно ја разгореа својата романса во 2014 година и се венчаа на мала церемонија пет години подоцна.

Коментирај анонимно