Селфи мајмун: Туристите на Бали сакаа слика со мајмунот, па тој ги зема работите во свои раце

Еден мајмун на Бали ни покажа дека можеби навистина потекнуваме од нив кога се одлучи да направи едно селфи со британски туристи.

„Тоа дефинитивно беше патување за цел живот!“ изјави Клои Денис.

Клои и нејзиниот сопруг Крег биле во светата шума за мајмуни Убуд. Тие забележале еден од 1,260 балиски долгоопашести макаки во природниот резерват, по што, како и многу туристи, решиле да се фотографираат.

Меѓутоа, работите се променија кога приматот се реши тој да фотографира и ги почести со една широка насмевка.

 

Коментирај анонимно

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *