Селма Хајек и Анџелина Џоли ни докажуваат дека годините се само бројка бидејќи изгледаат „вечно млади“ на постерот за новиот филм на Марвел
Постерите со ликовите од филмот „Вечните“ беа споделени оваа недела.
Салма Хајек (55) и Анџелина Џоли (46) изгледа дека ја нашле “фонтаната на вечната младост, бидејќи изгледаат прекрасно во костимите на воините.


Исто така, на постерите можеме да ги видиме и Кумаил Нанџијани, Гема Чан и Ричард Меден, меѓу другите актери во филмот.
Филмот, во режија на оскаровката Клое Џао, ќе дебитира на 5 ноември во САД.
„Многу луѓе се гледаат себеси како суперхерои“, рече Џоли додека размислуваше за темата на филмот.



Беа споделени неколку постери со ликовите од акциониот филм, но дефинитивно најмногу внимание провлекоа Џоли и Хајек кои изгледаат неверојатно моќно.

Филмот „Вечните“ на Marvel Studios следи група херои кои ја штитат Земјата уште од почетокот на човештвото.
Кога монструозните суштества наречени Девијанти мистериозно се враќаат, „Вечните“ се принудени да се обединат за да го одбранат човештвото уште еднаш.



Во екипата се вклучени Џема Чан како Серси, Ричард Маден како семоќнот Икари, Кумаил Нанџиани како Кинго, Лиа МекХју како Спрајт, Брајан Тајри Хенри како Фастос.

Тука се и Лорен Ридлоф како Мекари, Бери Кеоган како осамениот Друиг, Дон Ли како моќниот Гилгамеш, Кит Харингтон како Дејн Витман, Хајек како мударот духовен водач Ајак и Џоли како воинот Тена.
