Село без мажи: Жени и деца од намибиското племе живеат во изолација со месеци откако сите мажи ќе заминат „на пат“

Фотограф направи неверојатни фотографии од античкото племе Химба додека преживуваат низ една од најлошите суши во историјата на Намибија. Сту Мекензи помина една недела со домородното племе правејќи неверојатни фотографии за да илустрира како племето се справува со недостигот на вода.

„Кога ги посетив, немаше присутни мажи, само жени и деца. Мажите беа околу 70 километри оддалечени затоа што се грижат за стадата и не се очекува да се вратат со мсеци. Ова не е норма за Химба, но Намибија страда од суша и ова предизвика Химба да ги пресели своите стада уште подалеку од селата во потрага по вода и храна“, објаснува Сту.

Луѓето од Химба живеат во северо-западна Намибија во оддалечениот регион Куене и се сточари кои живеат традиционален начин на живот. Племето има население од околу 50.000 и има многу малку западност, при што мажите, жените и децата носат традиционална облека и накит.

Традиционално, жените носат едноставна облека од кожа и не се капат, наместо тоа користат ароматични растенија и смоли. Од пубертетот, жените во Химба ја плетат своката коса и секој ден се мачкаат со црвена глина.

Мешавината која ја нарекуваат „Отјизе“ е направена со употреба на маснотии, окер и билки. Поради недостиг на вода, домородното племе ја развило специјалната супстанција за да ја исчисти нивната кожа и да се заштити од сонцето.

Племето веруваат во бог наречен „Мукуру“ со кого разговараат осветлувајќи оган наречен „Окуруво“ или свет оган, за кој веруваат дека мора да остане осветлен во секое време, бидејќи ги претставува предците на селаните.