Село од шарени куќички: Место каде што никој жив не сака да преспие
Ако ве води патот до Еклутна, место на староседелци на Алјаска каде живеат околу 70 луѓе, можеби ќе се изненадите кога ќе видите мала бела црква Свети Никола со руски православен крст кој потсетува на времето кога Алјаска била дел од царска Русија. Црквата е опкружена со шарени куќи, со големина на оние за кукли – но таа не е место за играње, туку место за одмор на мртвите.
Шарените „куќи на духови“ се создадени откако руските православни мисионери пристигнале во областа во 19 век. Тогаш почнала да се преклопува традицијата на погребување на луѓето.
Пред пристигнувањето на мисионерите, Атапас (Индијанците) ги кремирале своите починати за да можат нивните души да го продолжат своето патување, но под влијание на Русите почнале да градат куќи за духовите да имаат каде тие би можеле да се „преселат“.
Некои куќи имаат дури и тремови и прозорци, а по боите можело да се препознае на кое семејство припаѓаат. Според атапаското верување, сè што е земено од земјата мора да и се врати затоа гробовите не се уредуваат или чистат туку се остават да се распаѓаат.