Селотејпите на голи манекенки станаа традиција на Модната недела во Њујорк

Моделите на ревијата на Дракхан Блекхарт, креаторот на „Black Tape Project“, и Ерик Розет, основач на „Art Hearts Fashion“, прошетаа „облечени“ во ленти во екстравагантно шоу во Њујорк. Различни нијанси на зелена, сина, виолетова и црна лента беа внимателно поставени за да ги нагласат нивните тела, додека некои дизајни имитираа мозаични форми, а други личеа на долна облека.

 

 

 

 

Блекхарт ја започнал својата уметност во ноќните клубови во Мајами, каде што првично „облекувал“ танчерки пред да почне да работи со модели. Неговата кариера се развила преку фотографија, па со текот на времето почнал да соработува со магазини како „Maxim“ и „Playboy“.

 

 

 

Во 2008 година, додека живеел во тешки услови, открил кутија со 26.000 долари, наследство од неговиот покоен дедо. Овие средства му помогнале да ја среди својата куќа, да ги подмири долговите и да купи фотоапарат – инвестиција која го лансирала во модната индустрија.

 

 

 

 

Неговата кариера нагло се издигнала во 2017 година, кога соработката со поранешна Мис Порторико му донела милиони прегледи на социјалните мрежи. Оттогаш, неговите ревии на модната недела во Њујорк станале сензација, а VIP влезниците достигнуваат цена од 999 долари.

 

 

Покрај модата, Блекхарт ги проширил своите уметнички изразувања и на суперспортски автомобили, соработувајќи со „Lamborghini“ и учествувајќи во „Gumball 3000“ рели. Тој вели дека неговата уметност го спасила од тежок живот и му овозможила да создаде успешен бизнис, додека останува верен на својот уметнички израз.

  • Жарко Г. напиша:

    Дали овие знаат дека има и прозирни селотејпи?
    Што не залепиле нокоја креација со таков селотејп?

  • Коментирај анонимно

    Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *