Семјуел Л. Џексон сега ќе ви прочита една многу поучна приказна, па кој сфати, сфати

Разбирливо е дека е стресно време, но обидете се да не се грижите премногу затоа што познатиот актер Семјуел Л. Џексон ќе нѐ води „како пастир низ долината на темнината“. Тој стана популарен со својата „детска книга за возрасни“ во која велеше „Одете да спиете да го е*ам“, а сега има ново ремек дело посветено на коронавирусот.

Новото дело е со наслов: „Останете дома да го е*ам“. Џексон смирено ја чита својата поема посветена на луѓето на кои баш и не им се седи дома. Еве како оди таа (се извинуваме на пцовките, но тие се потребни во вакви тешки времиња):

„Короната се шири, ова не е шега – не е време да се работи или да се шета. Мои пријатели: Начинот на кој можете да се борите е едноставен: Останете дома да го е*ам… Сега, технички, не сум доктор. Но, е*ачу слушај ме кога читам поема. Па еве сум јас Сем Џексон да го е*ам, ви налагам задникот нека ви остане дома. Ако сакате работите да се вратат во нормала, не паничете, користете ја вашата купола. Измијте ги рацете, престанете да го допирате лицето и да останете дома да го е*ам. Е*ачи не е време за коцкање. Погледнете наоколу, вие не сте во казино. Само останете дома да го е*ам, како вашето име да е Трентон Карантино. Секако, сè уште можете да ги видите вашите пријатели, користете ја апликацијата на вашиот телефон. Но, освен ако не ви снемале намирници ве молам останете дома да го е*ам. Ви благодарам за тоа што го правите за да ја израмните кривата, затоа што тоа сра*е е стрмно. И сега кога сте дома слободно одете да спиете да го е*ам…“

Научно е докажано дека смеењето го продолжува животот. На каналот Смешни видеа секојдневно се објавуваат по повеќе вакви „продолжувачи на животот“. Токму затоа и постои Мотика, да ве насмее и да ви го разубави секој ден од животот.