Сем Смит како си, добар? Ако латекс ве потсетува на нешто „жешко“, почекајте додека да ги видите овие креации

Пејачот Сем Смит (30), која е небинарен и ги користи заменките тие/, носеше црн латекс костум со надуени нозе и раце на доделувањето БРИТ наградите во саботата, кој привлече големо внимание на интернет, каде што стана инстант меме. Па многумина заклучија дека и покрај тоа што не знае што е, не знае ни што носи.

 

 

Дизајнерот кој стои зад овој „изум“ е Хари, полно име Харикришнан Кизатхил Сурендран Пила кој е дизајнер за машка облека и рече дека овој аутфит бил направен по нарачка за пејачот.

Неговиот асортиман на латекс на надувување првпат дебитираше на неговото шоу на модната недела во Лондон во 2020 година и стана вирален низ социјалните мрежи. Дизајнерот, кој ја направи облеката на Смит за четири дена, сака да си игра со облиците, а неговите конфекции често имаат надуени нозе, што додава дефиниција на машката силуета.

 

 

Како што демонстрираше на пистата минатата година, Хари сака да ја одржува едноставноста на горниот дел, додека се фокусира на долната половина од телото. Неговите креации често се направени од латекс.

Тој изјави за Vogue: „Првичната идеја за панталоните дојде од оваа хумористична мисла да ме визуелизира од перцепцијата на моето куче. Размислувајќи од негова гледна точка. „Како ќе ме гледа? „Дали сум како џиновска фигура со големи нозе и мала глава? Тоа ми даде некои можности за форми, од кои повеќето беа анатомски невозможни и ме мотивираше да барам материјал кој би можел да ги задоволи тие пропорции“.

Па можете да си купите некоја од овие креации и да видите како вашето куче реагира на нив…

За жал, не сите беа љубители на смелиот избор на облека на пејачот во саботата.

Додека некои се пошегуваа дека: „Ова се случува кога ќе прднете во костимот“.

Други се потсмеваа на политиката на Ryanair за наплата на торба на Ryanair, сугерирајќи дека Сем (30) ја носи целата нивна гардероба.

  • Corbagjijata напиша:

    Ovie od kineskiot balon da ne ispadnaa? 😁

  • Коментирај анонимно

    Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *