Семејство останало во шок откако нивната кучка на свет донела зелено кученце на кое му го дале името Хулк

Едно семејство од Северна Каролина било шокирано откако нивната сакана бела германска овчарка родила зелено-жолто кутре на кое му го дале името Хулк, затоа што било „луто“ кога се родило.

Семејството Стими во Кантон, се воодушевило кога новната кучка Џипси почнала да ги раѓа кученцата. Џипси на свет донела 8 кученца, но 4-тото предизвикало голема мистерија кај семејството.

Фотографиите го прикажуваат малото кученце со светло-зелена боја како се истакнува помеѓу неговите браќа и сестри. Секако, семејството го именува кученцето Хулк, иако размислиле да го крстат Гремлин. Според Сузан Цанчиули, ветеринарен техничар во болницата за животни Јуналуска, Хулк ја добил својата изненадувачка боја од матката на неговата мајка.

„Во вреќата во која се наоѓаат кога се во мајка им, може да има мекониум и има тенденција да ги обои“, вели таа. Мекониум е најраната столица кај новороденчињата и е особено моќна на бело крзно.

Друга причина за зелените кутриња е зелен жолчен пигмент наречен Биливердин кој се наоѓа во плацентата на кучиња. Бојата ќе исчезне за неколку недели откако кученцето ќе биде капено.