Семејство го клонирало починатото куче кое го спасило животот на бремената сопственичка

Лабрадорот Марли не бил само слатко куче, туку бил и исклучително храбар. Посвоен од неговите сопственици Дејвид и Алисија Цирхарт, Марли имал прилично силна врска со нив во тие 12 години од неговиот живот.

Кога на Марли му биле „изборјани деновите“ во 2014 година, тој ја спасил тогаш бремената Алисија од ситуација што можела да биде „катастрофална“ и за Алисија и за нејзиното неродено бебе.

Додека биле на прошетка семејството го сфатило заштитничкиот однос на кучето, откако ја спасило Алисија од змија. Марли бил на поводник, а Алисија се наведнала и со раката почнала да бара стапче за да му го фрли. Одеднаш кучето скокнало пред неа и почнало да копа во земјата со шепите.

Првин парот бил изненаден, но откако погледнале подобро забележале ѕвечарка свиткана само неколку сантиметри од местото каде што Алисија ја пружила својата рака. „Бевме во шок. Никој од нас не ја виде змијата на почетокот. Бевме на рид, без луѓе наоколу, далеку од дома, а Алисија беше бремена – може да биде катастрофално.“, вели Дејвид.

Благодарение на херојските постапки на Марли, Алисија роди здраво девојче по име Меделин, која сега има 5 години. За жал набргу откако се родила Меделин Марли бил дијагностициран со карцином, така што девојчето не го запознало својот спасител.

Имајќи го ова предвид, Дејвид и Алисија решиле да ги сочуваат клетките на Марли со помош на генетска фирма за зачувување и клонирање Виаген Петс, за да можат подоцна да го клонираат својот сакан пријател. Откако ја добиле втората ќерка Колет, која сега има 3 години решиле да го клонираат Марли.

Така тие го добиле Зиги и децата ја знаат целата приказна за Марли. Зиги е многу сладок, но колку ќе биде ист како Марли останува допрва да се види.