Семејство постави „тезга за размена“ и не очекуваше ваков одговор од луѓето
И покрај тоа што едноставните човечки задоволства како дружење или шопинг се забранети ширум светот поради пандемијата од коронавирусот луѓето сепак пронаоѓаат начини како да допрат едни до други и да направат несебични дела кои им се најпотребни на заедниците.
Ова семејство беше инспирирано од луѓе што поставуваат кутии за размена во вид на билиотеки во нивните дворови, па така тие решија наместо книги да остават храна која им е „вишок“ односно не им е потребна за да ја земе некој на кој му е повеќе потребна и кој има на тоа место да остави свои производи и предмети кои моментално не им се потребни.
Родителите на Тери Урибе дошле до оваа идеја и таа решила да го сподели тоа на социјалните мрежи. Тери вели дека тие не се надевале дека идејата ќе биде толку успешна и дека набрзо луѓето ќе ја вандализираат тезгата како што се случувало и претходно кога поставувале само книги.
Но, за нивно изненадување тезгата постојано растела, луѓето земале производи, но и оставале многу повеќе. Некој хуман човек дури и донирал пари за нивната цел па таткото на Тери одлучил да купи шатор со тие пари за да ја заштити храната.
Тезгата наскоро се претворила во „пазар“ каде што можат да се најдат секакви основни продукти за секој кој не успеал да дојде до нив.