Семеен долг кој трогна илјадници луѓе: Ќерка му го враќа „највредното“ нешто на татко си, 30 години откако тој направил огромна жртва за неа и семејството
Многумина сонуваат да им се оддолжат на родителите за сите жртви што ги направиле за нив во детството. Без разлика дали тоа е нешто материјално, како исплаќање на нивниот кредит, или пак, просто да станеме најдобрата верзија на себе за да ги направиме горди. За Линдзи Мур, тоа значеше да го пронајде „највредното нешто“ што нејзиниот татко некогаш го жртвувал за доброто на семејството и да му го врати повторно.
Мур се сеќава како, на само седумгодишна возраст, го гледала својот татко како оди во продавница за стрипови за да го продаде своето највредно парче – картичка со ликот на Ден Марино од неговата дебитантската сезона во „Долфинс“. Во едно „TikTok“ видео, што брзо стана вирално, нејзиниот татко ја слуша честитката, додека член од семејството му ја чита напишаната порака.
„Парите беа кнап, па ти ја продаваше твојата најдрагоцена сопственост – барем јас така го гледав тоа“, напишала Мур. „Го почувствував твоето жртвување и тоа ме научи дека ќе направам сè за моето идно семејство никогаш да не се лишува од ништо. Тоа беше лекција која ме следеше од тој момент“.
Тоа беше и моментот кога таа станала „решена“ да му даде подарокот на својот татко. Триесет години подоцна, таа имала совршена можност да го исполни своето ветување.
„Никогаш нема да можам целосно да го отплатам тој долг,“ продолжува во пораката. „Седумгодишната јас би била пресреќна што конечно го исполнив тоа ветување. Ти благодарам за сè“.
Додека ја слушаше пораката, таткото на Мур значително се разнежни и го отвори својот подарок, виде дека тоа е долгочуваната картичка што ја продал пред многу години. Видеото завршува со топла прегратка меѓу Мур и нејзиниот татко.
Коментирај анонимно