Семејство на нудистичка плажа (виц)

Семејство со мало дете отишле на нудистичка плажа. По некое време таткото го снемало некаде, а синчето ја прашало мајка си:
– Мамо, мамо, зошто некои жени се толку рамни, а ти имаш големи гради?
– Затоа што тие се сиромашни, а јас сум богата.
– А зошто на тато му е толку мало ку*ето, а на некои чичковци им се толку големи?
– Затоа што татко ти е паметен, а тие се глупави. И доста прашуваш, ајде оди види каде отиде татко ти.
По кратко време синчето се вратило кај мајката и вели:
– Мамо, тато е таму кај оној чадор и гледа една многу богата тетка. Колку повеќе ја гледа, толку поглупав станува.