Сенегалските навивачи му го најдоа лекот на Салах… Ласери?!

Натпреварот меѓу Сенегал и Египет во баражот за СП 2022 во Катар заврши во пенал серија. Сето тоа е убаво, но навивачите на Сенегал беа доволно неспортски расположени за да носат со себе ласерски покажувачи за да им го одвлечат вниманието на противниците. Всушност, натпреварот повеќе наликуваше на ласерско шоу и особено ѕвездата Мохамед Салах беше мета.

Не знаеме дали ласерите навистина помогнаа, но на крајот Сенегал славеше. При напуштањето на теренот работите повторно тргнаа наопаку и играчите на Египет беа гаѓани со камења.