Серија од четири удари од гром погоди четиричлено семејство со автомобил среде пат, еве зошто поминале без повреди

Најбезбедно место да чекате да помине грмотевица е куќа, зграда или објект што има громобран. Покрај тоа, автомобилите се всушност безбедни места, иако ударот од гром, ако се случи додека некој е во автомобилот, сам по себе е доволно застрашувачки.

Едно американско семејство кое патуваше низ Веверли, Канзас се најде токму во таа ситуација. Имено, тие патувале со џип Гранд Чироки низ област каде имало грмотевица кога гром удрил во нивниот автомобил, но не еднаш или двапати, туку дури четири пати во секунда.

Блиската средба на тоа семејство со ударот од молња е снимена од камера од автомобилот зад нив, а снимките многу јасно покажуваат колку бил застрашувачки целиот настан. Погледнете го видеото, а подоле прочитајте и како сите се извлекле без ниту една повреда.

Во автомобилот имаше брачна двојка со две деца, и тие поминаа без повреди (освен веројатно зуење во ушите) бидејќи шасијата на автомобилот се однесува како Фарадеев кафез за време на удар на гром затоа што пренасочува огромни количини на енергија околу патниците во внатрешноста на возилото. Дури е јасно видливо дека громот удира од горниот дел и излегува од долниот дел на возилото.

Удар на гром може да ги уништи гумите на возилото, да ги разбие шофершајбните и да ја уништи електрониката во внатрешноста на возилото. Исто така е можно да се предизвика пожар, но тогаш е најдобро да се напушти возилото веднаш што е можно поскоро.

Доколку сакате добра акција или пак забегани и жестоки случки само за најхрабрите читатели, тогаш посетете го каналот Жестоко. Предупредување: Содржините може да ве вознемират!