Сериски убиец бил победен во сопствената игра откако пријателки на неговата жртва го измамиле
Лажен профил на социјалните медиуми бил искористен за фаќање убиец кој користел апликации за состанување за да ги намами жртвите.
Во средата, 6 октомври, Халил Вилер-Вивер, од Њу Jерси беше осуден пред државниот суд во Њуарк.
25-годишникот убил три жени пред пет години, користејќи апликации за состанување за да ги намами. Казната следеше по наодите презентирани на неговото судење, откриени од пријателите на една од неговите жртви.

Кога имал 20 години, доказите презентирани на судењето покажале дека Вилер-Вивер користел апликации за состанување за да ги намами жените да имаат с*кс со него пред да ги убие.
Две тела биле пронајдени во северниот дел на Њу Џeyерси од септември до декември 2016 година. Доказите презентирани на судењето, исто така, вклучувале податоци од мобилниот телефон на Вилер-Вивер. Податоците го ставиле на местото каде жртвите исчезнале, а исто така и каде подоцна биле откриени нивните тела.

Во средата, помошникот обвинител на округот Есекс, Адам Велс, коментираше како Вилер-Вивер имал време да размисли за неговите злосторства и дејствија.
Велс рече:
„Обвинетиот верувал дека овие жртви биле за еднократна употреба. Ги убил, а потоа продолжи со својот ден како ништо да не се случило“.
Вилер-Вивер беше осуден на вкупно 160 години затвор. Неговото изрекување на казната беше проследено со изјави од членовите на семејството на две од неговите жртви, Робин Вест и Сара Батлер. Пред да се прочитаат изјавите, Вилер-Вивер тврдеше дека бил наместен за убиствата.

Пријателките на Сара Батлер беа пофалени од Обвинителството на округот Есекс за користење на социјалните медиуми за да и помогнат на полицијата да го пронајде Вилер-Вивер. Батлер била од Монтклер и била студент на факултет.
Според обвинителите, Вилер-Вивер бил поканета на состанок во Монклер од пријателите на Батлер кои користеле лажен профил откако влегле во социјалните медиуми на Батлер. Потоа им рекле на полицајците каде може да го најдат осомничениот.
Робин Вест била од Филаделфија. На 31 август 2016 година, таа била видена како влегува во автомобилот на Вилер-Вивер. Обвинителите детално објаснија како била убиена само неколку часа подоцна и тврдат дека нејзиното тело било фрлено во напуштена куќа, која подоцна била запалена. Напуштената куќа се наоѓала во Оринџ, во близина на домот на Вилер-Вивер.

Речиси еден месец по Вест, Вилер-Вивер ја убил својата трета жртва, 33-годишната Џоан Браун. Таа на сличен начин била фрлена и поминале шест недели пред да се најде нејзиното тело. Еден месец подоцна, Батлер исчезнала околу Денот на благодарноста, а нејзиното тело било пронајдено четири дена пред Браун.
