Шест месеци по договорениот брак со неговата сопруга тинејџерка, 32 годишниот Садио Мане го прославува нејзиното матурирање и ја чека за да одат на меден месец
Садио Мане славеше откако негоавата сопруга тинејџерка, Ајша Тамба, дипломираше на училиште.
Мане и Ајша се венчаа во јануари на исламска церемонија на 7 јануари во Кеур Масар, предградие во главниот град Дакар, само шест дена пред почетокот на Африканскиот куп на нации. Бракот се одржа во домот на Ајша, а присуствуваа семејството и блиските пријатели. Мане, наводно, се надевал дека ќе оди на меден месец по турнирот, но семејството на Ајша наводно сакало таа да се фокусира на студиите пред нејзиниот последен испит.
На видеото објавено на социјалните мрежи се гледа како Мане прославува минатиот месец додека Ајша ја добива својата диплома. Снимката ја снимил нејзиниот татко.
Наводно, Ајша ја добила својата диплома со одличен успех, при што Мане и нејзиниот татко и честитале од срце. „Senenews“ објави дека Ајша сега размислува да започне со високо образование.
Поранешната ѕвезда на „Ливерпул“, Мане, наводно го финансирал образованието на Ајша во училиштето Кабис во Мбао, град на периферијата на Дакар.
Ајша, по бракот со Мане на 18-годишна возраст, се врати во училницата во јануари и беше пречекана од стотици соученици кои бурно аплаудираа и го извикуваа нејзиното и името на Мане. Видеата на социјалните мрежи го покажаа воодушевениот прием што таа го доби од учениците кои извикуваат „Sadio amenda jabar – Aissaa amena jekeur“, што наводно се преведува како „Мадам Садио Мане“.
„Знаев дека Садио и целото негово семејство се многу добри и скромни луѓе. Садио е само одраз на неговото семејство. Меѓутоа, како татко ми требаше да знам повеќе за него, неговото образование, неговата вера во Бог, однесувањето. И дознав дека тој е добар човек. Садио и јас зборуваме многу за проектите, но зборуваме и за животот воопшто и тој ме научи многу, иако е сè уште млад. Тој знае многу за животот и јас научив многу од него. Затоа, не се двоумев да го прифатам неговото барање да се омажи за Ајша“, изјави таткото на Ајша.
Ајша, исто така, инсистираше на тоа дека нема да биде сменета од славата и богатството на Мане и покрај тоа што ѕвездата заработува 700.000 неделно во Саудиска Арабија.
„Не чувствувам никаков притисок бидејќи славата и парите на Садио нема да ме променат“, рече Ајша во јануари. „Ова не ме интересира. Ќе останам скромна личност посветена на мојата вера. Не сум навикната да имам толку внимание на мене бидејќи сме многу приватно семејство. Не сакаме да се покажуваме и да зборуваме за нашите лични животи. Јас сум многу приземна личност, вака сум воспитана и ништо нема да биде поинаку поради овој брак“.
Коментирај анонимно