„Сетек Денови“ – СО 70 % ПОПУСТИ: Голем избор на техника по пониски цени

 

Во тек е најголемата продажна акција на СЕТЕК – сè од техника, „СЕТЕК Денови“, настан што традиционално привлекува голем интерес кај љубителите на техниката. Во рамките на акцијата, заинтересираните ќе можат да искористат попусти до 70% на илјадници производи

 

„СЕТЕК Денови“ претставуваат можност на едно место да пронајдете сè што ви е потребно од техника од  најпознатите светски брендови, по исклучително поволни цени.

Во сите СЕТЕК салони низ Македонија купувачите имаат пристап до богат избор на производи од бела техника, фрижидери, телевизори, компјутери и лаптопи, комплетна ИТ опрема, гејминг опрема, мобилни телефони, мали апарати за домаќинство, фитнес опрема, како и широка палета на додатоци и многу повеќе.

Акцијата што трае до 18 март, нудејќи најголем избор по најниски цени, вообичаено ги претвора СЕТЕК салоните во собирно место за љубителите на техниката, а веб-страницата www.setec.mk во најпосетувана дестинација за онлајн купување.

Компанијата СЕТЕК, како еден од лидерите на пазарот веќе повеќе од 32 години, континуирано ја развива својата мрежа и го унапредува корисничкото искуство. Денес, со 36 локации низ Македонија, со модерно опремени салони и премиум продажни места, вклучувајќи ја онлајн продавницата, СЕТЕК е достапен до секој љубител на технологијата и соодветните иновации.

Покрај атрактивните попусти, компанијата постојано нуди и бројни дополнителни поволности за купувачите, како што се лојална програма, кешбек, премиум достава, можности за кредитирање, рати без камата, како и стручна поддршка за правилен избор и долготрајно користење на производите.

Сепак, за многумина љубители на технологијата, „СЕТЕК Денови“ останува најочекуваната акција во годината – период кога навистина се купува сè од техника.

 

 

 

Коментирај анонимно

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *