Северна Кореја денес преку 30 интересни фотографии

Светските медиуми се плашат од затворениот режим, диктатурата и моќта во оваа земја, но луѓето живеат таму со своите радости и таги.

Народна Демократска Република Кореја е држава во Источна Азија во северниот дел на Корејскиот полуостров. Неофицијалното име на земјата, широко користено во медиумите е Северна Кореја.

Ги дели границите со Кина на север, со Русија на северо-исток. На југ, се граничи со Република Кореја и е одделена од неа со демилитаризирана зона. Од запад се водите на Жолтото Море, од исток – на Јапонското Море. Главен град е градот Пјонгјанг.

Населението во земјата брои 24.7 милиони луѓе, површина: 120.540 км² (земја 120.410 км², вода: 130 км²), од прилика колку 5 Македонии.