Сезоната на грипови е тука! Што да јадете и пиете кога сте настинати и имате постојана болка во грлото?

Некои топли пијалоци и храна, како овесна каша, може да помогнат при смирување на болно грло. Изборот на мека храна може да спречи дополнителна иритација.

Кога имате болки во грлото, непријатното чувство на печење може да го отежни јадењето и пиењето. Па, затоа, ајде да дефинираме која храна е добра за јадење и пиење во таква ситуација?

Храната што е мека и лесна за голтање обично е безбедна за јадење при болно грло. Нејзината мека текстура ќе ја ограничи иритацијата. Студена храна, топла супа или чај со лимон, како и гаргара со топла солена вода, исто така можат да помогнат за смирување.

 

 

Храна која може да ја консумирате:

  • топла варена тестенина, како макарони со сирење
  • топла овесна каша или варени житни култури
  • желе десерти
  • обичен јогурт или јогурт со овошје
  • варен зеленчук
  • овошно или зеленчуково смути
  • пире од компири
  • супи на база на бујон или крем
  • млеко
  • сок од грозје или јаболко
  • кајгана или варени јајца
  • сладолед на стапче

Консумирањето на овие производи ќе ви овозможи да останете нахранети без да ја иритираат болката.

Што треба да избегнувате?

Треба да избегнувате храна која може дополнително да го иритира грлото или која е тешка за голтање, како:

  • крекери
  • сув леб
  • зачинети сосови и зачини
  • газирани пијалаци
  • многу топла храна или пијалаци
  • алкохол
  • суви закуски како чипс, переци или пуканки
  • свеж, суров зеленчук
  • кисело овошје, како портокали, лимони, домати, и сокови од нив

Кај некои луѓе, млечните производи може да предизвикаат чувство на болка на грлото, а слузта може да изгледа погуста, што ќе ве натера да го прочистувате грлото почесто, дополнително влошувајќи ја состојбата.

 

 

Како да го лекувате болното грло?

Првото и најефективно решение за олеснување е гаргара со топла вода и сол. Измешајте една лажица сол во 250 мл топла вода, потоа земете голтка и направете гаргара, но не ја голтајте течноста.

 

Коментирај анонимно

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *