Шкотската фудбалерка има прилично жесток начин за „поправање“ на дислоцираното колено на сред натпреварот

Капитенот на Сент Мирен, Џејн О’Тули, се здоби со повреда за време на нивниот натпревар против Инвернес Каледонија. Додека таа се соочувала со играч на Инвернес, паднала на земјата, дислоцирајќи го коленото во тој процес. Наместо да ги почека медицинските лица да ја проверат и најверојатно да ја тргнат од терен, Џејн направи нешто со што сигурно ја заслужи титулата за играч на натпреварот.

Докажувајќи ја својата посветеност на тимот, таа го удираше повреденото колено повеќепати во обид да го врати назад на своето место, додека болката се гледа на нејзиното лице. Таа продолжила да игра уште 40 минути, а потоа била прегледана од лекар. За жал нејзиниот тим изгубил 7-0.

Доколку сакате добра акција или пак забегани и жестоки случки само за најхрабрите читатели, тогаш посетете го каналот Жестоко. Предупредување: Содржините може да ве вознемират!