Што ќе се случи ако се обидете да внесете овошје или зеленчук во САД?

Најголем број на луѓе знаат дека кога патуваат со авион не можат да пренесат секаков вид на храна. Ова особено важи за овошјето и зеленчукот. Сепак ретко кој од нас е свесен што всушност се случува со сета оваа храна. Откако се случи немилиот настан на 9/11 Американците повеќе ништо не оставаат на случајности и буквално проверуваат сѐ.

На аеродромот JFK контролите се ригорозни, а дури и самата процедура која следи потоа изненадува. Освен што ги одземаат сомнителните продукти, пред да ги уништат се прават детални анализи, па дури и ако пронајдат мал, обичен инсект. Погледнете како се одвива процесот и што ќе се случи доколку внесете овошје или зеленчук во САД: