Што ќе се случи кога на најмоќниот автомобил на BMW, M8 Competition, ќе му додадеш екстра 200 коњи? Одговор: Од 0-100 за 2,6 секунди!

Најмоќниот автомобил на BMW, M8 Competition, го надградија група ентузијсти кои работат под брендот MANHART, зголемувајќи ја моќноста на моторот од 625 КС, до фантастични 823 КС.

BMW M8 е луксузно супер купе со тежина од 1,9 тони. Сепак, со новата моќност може да крене од 0-100 км/час за само 2,6 секунди – неверојатни бројки за четири седишта, кога ќе ги споредите со нешто како што е Bugatti Chiron, којшто го прави истиот спринт за 2,4 секунди.