Што навистина значат 8 чудни видови на однесување на децата

Понекогаш ни се чини дека децата се во искушение да ги стават во уста и најгрозните работи, како на пример земја од дворот или мрсули кои си ги ископале од носот. За возрасните, овие и многу други работи што ги прават децата можат да изгледаат чудно и необјасниво.

На пример, можеби се прашувате зошто вашето дете ја треска главата од креветчето пред да спие. Но, всушност постои причина зошто децата прават вакви работи.

1. Задржување на здивот

Детето може да почне да плаче и да престане да дише една минута додека не стане модро во лицето. И верувале или не, тоа всушност не е нешто што можат да го контролираат. Овие епизоди можат да се појават затоа што вашето дете е луто, вознемирено, исплашено, во шок или болка. Иако може да изгледа страшно, обично е безопасно и овие епизоди престануваат да се појавуваат на возраст од 4 или 5 години.

2. Постојано соблекување на облеката

Децата не се срамат кога се голи, затоа не им е проблем да се соблечат по желба. Тие го прават ова доколку облеката им е непријатна, жешко им е или ова е нова вештина која само што ја научиле и сакаат да искажат самостојност.

3. Пиење на водата за капење

Децата можеби не разбираат дека водата за капење е различна од водата за пиење. И бидејќи децата играат за време на капењето, водата е дел од него, па можеби ќе решат дека е забавно да ја пијат.

4. Трескање на главата

Некои деца ги трескаат главите од креветчињата, перниците или душеците кога заспиваат или среде ноќ. Околу 15% од децата го прават тоа. И додека некои сметаат дека е нарушување, но големи се шансите дека ова е само-смирувачко однесување, како што е цицањето на палецот, на пример. Во секој случај, обично е безопасно и застанува самостојно, така што не е потребен третман.

5. Ставање работи во ушите, носот, устата

Децата сакаат да го истражуваат светот. Значи, кога ставаат мали нешта во ушите, носот и очите, тие експериментираат со различни предмети. Тие само сакаат да видат како работат и што може да им се случи.

6. Јадење чудни работи

Тие сакаат да истражуваат нови работи и постои ли подобар начин да го сторат тоа отколку да ги користат своите рецептори за вкус? Всушност мрсулите им имаат убав вкус на децата.

7. Влечење на косата

Децата под 2 години може да ја вртат или да ја кубат косата за да се смират. Тие исто така може да го прават тоа затоа што им е досадно. На возраст од 3 години, тие учат да забележуваат како реагираат нивните родители на ова и може да стане дел од однесувањето што бара внимание.

8. Читање на иста книга повеќе пати

Слушањето на приказна што тие веќе ја знаат може да им помогне на децата да имаат чувство на контрола. И таа контрола им дава чувство на удобност. Тие знаат дека нивниот родител ќе им прочита книга пред спиење и знаат како оди приказната, за да можат да се опуштат и да заспијат.