Што прави Жозе Мурињо за време на пандемијата? Им помага на старите лица во Лондон од најризичната категорија!

Тренерот на Тотенхем, популарниот Жозе Мурињо, се придружи кон хуманата акција да им се помогне на старите лица на кои им е забрането излегување следните 12 недели. Со пакет од основни производи, Мурињо заедно со многу други волонтери излезе на улиците и ја покажа својата хуманост. Тој освен во дистрибуцијата, помогна и во набавката.