Што се случува во болниците во Вухан? (4 слики)

Од страната изгледа како сцена од филм за зомби апокалипса. Како дури и заштитни костими да не успеале да го заштитат персоналот од ужасен коронавирус. Но, во реалноста, сликата и не е толку страшна.

Лекарите едноставно паѓаат од замор. Поради тешката состојба во Вухан, на лекарите не им е дозволено да го напуштат работното место, затоа мора да спијат таму. И судејќи според прогнозата на Државниот комитет за здравство, лекарите во скоро време нема да видат кревет, бидејќи врвот на ширењето на коронавирусот во Кина ќе дојде за 7-10 дена.