Што треба да ги научиме нашите деца во врска со љубовта?
Бајките ја прикажуваат љубовта на розов и нерален начин, затоа останува на родителите да им покажат на децата како изгледа вистинската љубов.
Децата треба да знаат дека љубовта не вклучува принц и си „живееја среќно засекогаш“, но исто така не треба да им се кажува дека други деца ги малтретираат затоа што „им се допаѓаат“.
Насилството не е љубов
Кога вашите деца доаѓаат дома плачејќи дека ги задеваат не им кажувајте дека тоа го прават затоа што им се допаѓаат. Детето ќе научи дека насилството е знак за љубов, а тоа не е здраво.
Треба да се дава и зема во љубовта
Треба да ги научите дека колку што заслужуваат љубов од другите, треба и да даваат и ваквото воспитување еден ден ќе се одрази и на вас самите.
Да ги сакате другите не значи дека треба помалку да се сакате себе
Вашите деца треба да знаат дека кога сакаат некого, не значи дека треба да се жртвуваат и уништуваат себе. Секако, компромисот е важен во секоја врска, но тие не треба да се сакаат помалку за да сакаат некој друг.
Почитувањето е клучно во љубовта
Децата треба да знаат дека почитта и љубовта треба да одат рака под рака. Треба да заработат почит од другите и да им оддаваат почит на другите. Исто така, треба да се научат дека тие заслужуваат почит, исто како и секое друго лице.
Долготрајната љубов бара напор
Младите треба да научат дека за да трае нешто толку кревко како љубовта, треба да се вложат напори. Ако некој што го сакаат е достоен за тоа и е спремен да вложи толку напор колку што вложуваат и тие, долготрајната љубов не е невозможна.
Љубовта треба да ве направи подобра личност
Постојат многу видови љубов и вашите деца треба да разберат дека тие заслужуваат секој вид на љубов што ги прави подобра личност. Дајте им на знаење дека љубовта треба да ги поттикне да имаат посветла иднина и да бидат добри човечки суштества.